Зеленски со ново видео: Ќе победиме и ќе бидеме „големи“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека ако неговата земја бeше примена во НАТО, тогаш Русија немаше да ја нападне земјата.

„Да бевме членка на НАТО, војната немаше да започне. Би сакал да добијам безбедносни гаранции за мојата земја, за мојот народ“, изјави Зеленски за Фарид Закарија на Си-Ен-Ен, додавајќи дека е благодарен за помошта што НАТО ја пружа од почетокот на инвазијата.

„Ако членките на НАТО се подготвени да не видат во алијансата, тогаш направете го тоа веднаш затоа што луѓето умираат на дневна основа“, рече Зеленски. 

Тој притоа објави ново моќно видео во кое текстот го чита тој самиот  со порака до Укеаинците „дека ќе победат“ и  дека ќе има нови градови и  ќе има нови соништа, дека Украина беше убава, но сега ќе биде „голема“.