Зеленски по повод отворањето на пристапните преговори со ЕУ: Историски ден за Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изрази задоволство од официјалното отворање на преговорите за пристапување на Украина во Европската унија, велејќи дека тоа е „историски ден“ за земјата што е борба против руската инвазија.

-Денеска е историски ден. Никогаш нема да дозволиме да скршнеме од патот кон обединета Европа, кон нашиот заеднички дом на сите европски народи. Дом во кој мора да биде мир!, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Членките на ЕУ го одобрија почетокот на пристапните преговори со Украина и Молдавија на 25 јуни и ја усвоија рамката за преговори.