Зеленски ќе остане во Киев, нема да оди во Давос


Фото: АП

Киев – Украинскиот претседател Володимир Зеленски засега останува во Киев по масовните руски напади во текот на ноќта и засега нема да патува на Светскиот економски форум во Давос, објави новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, повикувајќи се на анонимен украински функционер.

Според извор близок до украинската администрација, Зеленски би можел да оди во Давос само ако има билатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп за потпишување „договор за просперитет“.

Равид ја објави оваа информација на X, нагласувајќи дека одлуката Зеленски да остане во Киев првенствено се должи на безбедносната состојба во земјата.