Зеленски и Столтенберг разговарале за деблокирање на коридорот за жито во Црното Море
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/07/zelenski-stoltenberg.jpg)
Претседателот на Украина Володимир Зеленски, соопшти дека дека телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во врска со деблокирањето на Црноморскиот коридор за жито.
– Со г. Столтенберг ги идентификувавме приоритетните и идните неопходни чекори за деблокирање и трајно функционирање на коридорот за жито во Црното Море, наведува Зеленски во кратката објава на Твитер.