Здравственото осигурување на пензионерите го чини ПИОМ 220 млиони евра годишно: „Треба да има промена“, вели Мемов
Фондот за ПИОМ годишно издвојува околу 13,7 милијарди денари, односно повеќе од 220 милиони евра, за здравственото осигурување на пензионерите, открива директорот на Фондот, Никола Мемов, во интервјуто за Економија и бизнис.
„Фондот на ПИОМ секој месец одвојува средства за здравственото осигурување на пензионерите. Оваа обврска, која се реализира согласно законското решение, претставува посебен товар за Фондот. Средствата што се издвојуваат и се префрлаат во Фондот за здравство се во висина од 11,8 проценти од нето-исплатената пензија. Претходно, односно до 31 декември 2025 година, се одвојуваа 13 проценти од нето-исплатената пензија. На годишно ниво, таа сума изнесува 13,7 милијарди денари, односно над 220 милиони евра. Да појаснам дека Фондот одвојува средства за здравствено осигурување на пензионерите од средствата од придонесите за пензиско осигурување на сегашните осигуреници. Тука треба да има промена и да се најде поинаков начин на финансирање на здравственото осигурување на пензионерите, а не како што е сега, да се финансира од придонесите за пензиско осигурување“.
Целото интервју на следниот ЛИНК.