Здравко Чолиќ, сопругата и ќерката биле дома кога им фрлиле бомба – никој не е повреден


Денес беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, а во времето на инцидентот, пејачот, неговата сопруга Александра и нивната ќерка Лара биле во вилата, објави Телеграф.

Само постарата ќерка на пејачот, Уна, не била таму кога експлозивна направа била фрлена кон вилата на пејачот.

За среќа, сите тројца се добро и никој не е повреден, а Nova.rs беше на местото на настанот пред вилата на Чола на Дедиње.

Пред куќата имаше многу полицајци кои истражуваа, но и луѓе кои се собраа да видат што се случува.

Експлозивната направа била фрлена утрово околу 5 часот, па јавноста се прашува кои се причините за тоа и дали пејачот и неговото семејство биле цел. 

Причинета е голема материјална штета со бомба „кашикара“, а никој од домаќините, за среќа не е повреден. 

Пријавени се штети на фасадата и оградата на куќата во Дедиње, како и помали оштетувања на стаклото на паркиран автомобил.

Српските медиуми контактирале и со неговиот менаџер, Адис Гојак, по глсините дека можеби тој бил метата, а живее во соседната куќа, но тој вели дека се надева дека не бил цел, а не се слушнал ни со Чолиќ.