Заврши првата туристичка мисија во вселената – капсулата Спејс икс ги врати четворицата цивили од орбитата
Четири лица се вратија на Земјата од тридневната вонземска екскурзија во капсулата „Спејс икс кру драгон“ (SpaceX Crew Dragon) во саботата вечерта, што го означи крајот на првиот лет досега до орбитата на Земјата, изведен целосно од туристи или инаку не-астронаути, јави Си-Ен-Ен.
„Благодарам многу за SpaceX, за нас тоа беше неверојатно возење“, можеше да се слушне милијардерот и командант на мисијата „Inspiration4“, Џаред Ајзакман, пренесуван во живо од страна на компанијата.
Екипажот беше прикажан како гледа филмови, а повремено се слуша како реагира на контролата на мисијата на „Спејс Екс“ во нивното целосно автономно вселенско летало пред да започне со постапката за повторно влегување во атмосферата на Земјата. Откако патуваше со брзина поголема од 17.000 милји на час, леталото влегувајќи во атмосферата на Земјата забави, при што надворешната страна на леталото во тој момент достигна температура до 3.500 степени целзиусови.
Капсулата Crew Dragon, дизајнирана да не дозволува температурите да надминат 85 степени во кабината, го користеше својот топлински штит за да го заштити екипажот од интензивната топлина и натрупување плазма додека се спушташе назад кон океанот.
Best ride of my life! Thank you @SpaceX and @elonmusk! @inspiration4x https://t.co/kQFa9mo8GK
— Dr. Sian “Leo” Proctor (@DrSianProctor) September 19, 2021
По излегувањето од вселенското летало, непосредно пред да биде вратен назад на Флорида со хеликоптер, екипажот беше виден како се насмевнува и мавта кон камерите кои вршеа пренос во живо.
Но, летот очигледно не беше целосно беспрекорен од техничка гледна точка. „Знаете дека имавме неколку проблеми на кои што работевме, работевме нешто на системот за управување со отпад“, рече Бенџи Рид, директор за управување со мисијата на екипажот на SpaceX, за време на брифингот по летот. „Но, тоа беше добро, и знаете, екипажот беше среќен и здрав“, додаде тој.
Директорот на мисијата Inspiration4, Тод Ериксон појасни дека прашањата се поврзани со вентилаторот на системот за управување со отпад. Тимот на SpaceX одговори со спроведување на „резервен план“.
„Им ја симнувам шапката“, додаде Ериксон.
Рид, исто така, рече дека имало проблем со сензорот за температура во еден од драковите за движење што се користи за поместување на капсулата во вселената, но компанијата одговори со тоа што го исклучи двојниот сензор.
„Всушност, самиот Драко беше вишок, тоа никогаш не беше ризик“, рече Рид.
Официјалните претставници на НАСА, сепак, рекоа дека Crew Dragon е најбезбедното летало со екипаж што некогаш било лансирано. Леталото веќе имаше завршено две успешни патувања во вселената со професионални астронаути пред оваа група вселенски туристи да тргне на неколкуневната авантура.
The crew of #Inspiration4 had an incredible first day in space! They’ve completed more than 15 orbits around planet Earth since liftoff and made full use of the Dragon cupola. pic.twitter.com/StK4BTWSA6
— Inspiration4 (@inspiration4x) September 17, 2021
Меѓу патниците беше 38-годишниот Ајзакман, кој лично го финансираше и го организираше патувањето со SpaceX и на неговиот извршен директор, Илон Маск; Хејли Арцено, 29, која преживеала рак во детството и работи како лекар – асистент во детската истражувачка болница Сент Џуд; Сиан Прокотор, 51, геолог и наставник на колеџ со докторат; и Крис Семброски, 42-годишен вработен во Локхид Мартин и голем љубител на вселената, кој го доби своето место преку онлајн лотарија.
Ајзакман ја оцени мисијата како начин за собирање средства за Сент Џуд, и до саботата вечерта оствари 160 милиони долари од својата цел од 200 милиони долари.
„Ставете ми на сметка 50 милиони американски долари“, вети тогаш Маск преку твит, со што соберањето средства надмина 10 милиони долари над целта.
Иако тие не се првите туристи што отпатуваа во орбитата, нивната мисија, наречена Inspiration4, беше значајна затоа што не вклучуваше престој на Меѓународната вселенска станица под покровителство на професионални астронаути, како што тоа го правеа претходните мисии во кои учествуваа вселенски туристи. Наместо тоа, четворицата почетници за вселенски летови ги поминаа изминатите три дена слободно летајќи во нивната капсула широка 13 метри самостојно, на надморска височина од околу 350 милји-100 милји повисока од онаа каде што е ИСС, и повисоко од кое било патување на луѓето со децении.
Look at our Mission Specialist @ChrisSembroski capturing pictures from orbit through Dragon’s cupola!
We can’t wait to see the crew’s photos and how they will inspire the world to look up to the stars. pic.twitter.com/r7jIFb50rT
— Inspiration4 (@inspiration4x) September 18, 2021
За време на нивниот престој во вселената, цивилите на бродот спроведоа неколку научни истражувања фокусирани на тоа како нивните тела реагираат на тоа што се во вселената, одвоија време да разговараат со своите семејства, гледаа низ големиот прозорец наречен „купола“, и слушаа музика. За време на преносот во живо споделен со јавноста во петокот, Проктор, исто така, покажа уметнички дела што ги направи за време на нејзиниот престој со метални маркери, а Семброски свиреше на укелеле што ќе биде понудено на аукција како дел од прибирањето средства за Сент Џуд.
Твитер профилот на Inspiration4 исто така сподели снимки како Арцено зборува со нејзините пациенти во Сент Џуд, а Ајзакман во петокот попладне го заѕвони ѕвоното на Њујоршката берза преку сателитска врска.
Освен тоа, неколку ажурирања беа споделени со јавноста додека екипажот беше во орбита. Првите аудио или визуелни содржини во живо од внатрешноста на капсулата на екипажот беа споделени во петокот попладне, скоро два дена по лансирањето.
За време на претходните мисии на SpaceX Crew Dragon -сите беа водени од НАСА и кои ги пренесоа професионалните астронаути до Меѓународната вселенска станица -јавноста имаше поголем увид. Вселенската агенција и нејзините десетици лица комуникациски персонал работеа заедно со SpaceX за да го споделат практично секој момент од патувањето од лансирањето до приклучување на астронаутите на Меѓународната вселенска станица. Но, оваа мисија ја остави јавноста во голема мера во темнина кога станува збор за прашања во врска со распоредот на екипажот и како се чувствуваат додека се во орбитата. Иако развојот на вселенското летало Crew Dragon беше во голема мера финансирано од даночните обврзници и SpaceX изнајмува објекти на НАСА за да ги поддржи сите нејзини мисии, Inspiration4 се смета за приватна, комерцијална мисија. Тоа значи дека клиентите на SpaceX можат да бидат транспарентни колку што самите сакаат да бидат.