Заврши пребројувањето во Висконсин – потврдена победата на Бајден


Изборните работници во Висконсин ги бројат гласови, а преку плексиглас на нив будно внимаваат партиските претставници (Фото: АП)

Висконсин во неделата го заврши пребројувањето на резултатите од претседателските избори, потврдувајќи ја победата на демократот Џо Бајден над претседателот Доналд Трамп во клучната држава на бојното поле. Трамп вети дека ќе го оспори исходот на суд дури и пред да заврши пребројувањето.

Округот Дејн беше вториот и последен округ што го заврши пребројувањето, известувајќи дека Трамп добил уште 45 гласови. Округот Милвоки, другиот голем и со големо мнозинство либерален округ во државата каде беше побарано пребројување за кое Трамп плати 3 милиони долари, ги објави своите резултати во петокот и тами Бајден доби 132 гласа плус.

Земени заедно, двата округа едвај ја променија победничката разлика на Бајден од околу 20.600 гласови, давајќи му на победникот нето добивка од 87 гласа.

 „Како што рековме, пребројувањето пресуди само ја реафирмира победата на Џо Бајден во Висконсин“, рече Даниел Мелфи, која ја водеше кампањата на Бајден во Висконсин.

Портпаролката на кампањата за Трамп, Џена Елис, во изјавата рече дека пребројувањето на гласовите во Висконсин „открило сериозни проблеми“ за тоа дали гласачките ливчиња биле легални, но таа не понуди конкретни детали за да го потврди своето тврдење.

„Како што рековме од самиот почеток, сакаме да се бројат само законските гласови и ќе продолжиме да го поддржуваме нашето ветување пред американскиот народ да се бори за слободни и фер избори“, рече Елис.

Крајниот рок за потврдување на гласањето е вторник. Сертифицирањето го врши демократскиот претседател на Изборната комисија во Висконсин, која е двопартиска. (АП)