Застрашувачки фасцинантно: Вештачката интелигенција ги надмудри истражувачите


 

Истражувачите од комапнијата Google кои работеле на проектот Loon ги дочека непријатно изненадување – вештачката интелигенција ги надмудри сите до седен.

„Никогаш не сум се чувствувал така паметно и глупаво во исто време“, го опишаискуството еден од учесниците на проектот, Салваторе Кандидо.

Имено, целта на Google беше, со помош на балон, да се овозможи пристап до интернет таму каде не е можно поради инфрактурата (да, токму тоа што Маск го прави со Starlin). Сепак, проектот долго се држеше, а на крај беѓе прогласен неусепешен, па затоа неодамна е објавено дека ќе биде стопиран.

Додека проектот беше во рана фаза, истражувачите ја научија вештачката интелигенција (АИ) како се управува со балонот, за да се однесе на пример најбро можно од Порторико до Перу. Тие со месеци го усовршувале и го програмирале алгоритмот, но АИ цело време го водела балонот по некои други патишта.

Станале безнадежни, па еднаш одлучиле да ја пуштат вештачката интелигенција да го води балонот каде сака, а тогаш се случило големо изненадување.

Вештачката интелигенција успеала, потполно сама, да научи нова техника за справување со ветришта. Оваа техника со векови ја употребувале морепловци.

Како што може да претпоставите, ова бил патот по кој до Перу се стигнувало најбрзо, односно побрзо од патот кој научниците се труделе да го вцртаат.

Од една страна, ова е добар пример како АИ може да нѝ помогне да направиме некои работи поефикасно. Сепак, помалку е и застражувачко што што АИ се заканува да стане опасно непредвидлива, јавува Би-би-си.