Заработи повеќе од Безос, побогат е од Закерберг


 

Елон Маск по богатство го престигна сопственикот на „Фејсбук“ Марк Закерберг и стана третиот најбогат човек на планетата.

Маск, кој стои зад компанијата „Тесла“ и „Спејс икс“, сега има 115 милијарди долари, додека Закерберг има четири милијарди помалку.

Она што е интересно е што Маск го престигна Џеф Безос по растот на богатството во 2020 година. Имено, Маск заработи 87,8 милијарди долари од почетокот на оваа година, додека Безос во 2020 година ги зголеми своето богатство за 87,6 милијарди, според индексот на милијардети на „Блумберг“.

Безос и понатаму е најбогатиот човек на светот со 202 милијарди долари, но брзината со која расте богатството на Маск е шокантна, пишува „Билзнисинфо“.

Растот на богатството на Маск се должи на растот на акциите на „Тесла“.