Запрена руската контраофанзива во Курскиот регион
Руската контраофанзива за враќање на областите под украинска контрола во Курскиот регион е запрена, изјави денеска портпаролот на украинската регионална команда Олексеј Дмитрачкивски за француските медиуми, додавајќи дека во регионот се наоѓаат „неколку илјади“ руски цивили.
-Русите се обидоа да нападнат од крилата, но беа спречени. Ситуацијата се стабилизира и денеска се е под контрола, изјави Дмитрачкивски.
По 2,5 години руска инвазија и под повеќемесечен притисок во источна Украина, украинските сили на 6 август извршија ненадеен напад во рускиот пограничен Курски регион, со што ја изненадија Москва и зазедоа неколку стотици квадратни километри и десетици населени места.
На 12 септември руската армија соопшти дека ја зајакнала својата позиција со преземање контраофанзива во областа.
-Тие имаа некои помали успеси, но тој успех де факто сега стана нивно опколување, рече Дмитрачкивски. „Русите влегоа во населба. Почнаа да се борат за друга населба, но тоа е тоа“, додаде тој.
Украинскиот армиски портпарол, исто така, рече дека „неколку илјади руски цивили се уште се на територијата под контрола на Украина“.
-Во некои населени места има повеќе од 100 луѓе, а во други повеќе од 200, повеќе од 500, рече тој, додавајќи дека станува збор за претежно постари лица, но дека има и деца.
Француските медиуми не можат да добијат независна потврда на вистинитоста на овие тврдења.
Инаку, вкупните воени загуби во жива сила на Русија и Украина од почетокот на руската инвазија врз Украина ја надминаа бројката од еден милион убиени и ранети, соопшти денеска „Волстрит журнал“.
Весникот се повикува на доверливи украински владини информации и информации од западни разузнавачки служби.
Воените загуби на Украина се проценуваат на 80.000 убиени војници и 400.000 ранети. Загубите на Русија пак изнесуваат 200.000 убиени и 400.000 ранети, наведува изданието, повикувајќи се на проценки на западните разузнавачки служби.
Слична проценка за руските загуби дава и британската воена разузнавачка служба. Дополнително, Министерството за одбрана на Обединетото Кралство констатираше намалување на темпото на регрутирање на нови војници во руската армија.
Темпото на руското воено регрутирање во 2024 година се намали во споредба со темпото постигнато во 2023 година. На крајот на 2023 година, руските официјални лица тврдеа дека Министерството за одбрана на Русија дневно регрутира околу 1.600 луѓе. Сепак, оваа година, според објавените податоци, оваа бројка изнесува околу 1.000 лица на ден. Овие бројки во одредена мерка најверојатно