Започнаа нови протести во Нови Сад, блокирани раскрсници во близина на железничката станица
Во Нови Сад денеска се одржуваат нови протести на кои се бара одговорност за падот на настрешницата на железничката станица, кога загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени. Почна и шестчасовна блокада на раскрсницата кај станицата.
Протестите ги најавија младинските активистички организации, СТАВ и Свиќе.
Професорите и соработниците на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград побараа што поскоро да бидат ослободени сите уапсени во Нови Сад, како и што поскоро да бидат уапсени сите одговорни за трагедијата што се случи во Нови Сад.
Пред денешните протести утрово се појавија плакати со погрдни пораки испратени до поединечни претставници на опозицијата и универзитетски професори.
“Само не брани не! Кој лаже, тој краде! Што си украл – си украл”, пишувало на плакатите.
Состојбата на повредените во несреќата на железничката станица во Нови Сад сè уште е тешка
Лекарите од Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина соопштија дека како последица од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, повредени се три лица, во тешка општа состојба и дека сега се развиваат секундарни компликации, објави денеска РТС.
Во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.
Досега во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад се сослушани 66 лица.