Заев ја откажа посетата на Белград


Фото: Б Грданоски

Зоран Заев ја откажал планираната посета на Белград, планирана за 3 и 4 ноември. Како што информираат срските медиуми, а се повикуваат на информацијата лиферувана од агенцијата Танјуг, од кабинетот на Заев е потврдено дека тој нема да патува на закажаниот состанок, на кој заедно со лидерите на Србија и Албанија беше планирано тој да разговара за иницијативата Отворен Балкан.

– Господинот Заев нема да патува во Белград, со оглед на политичката ситуација – изјавиле од неговиот кабинет за Танјуг.

Сепак, Македонија ќе биде претставена на средбата со Александар Вучиќ и Еди Рама, но името на претставникот дополнително ќе се одреди.

Заев по лошите резултати од локалните избори по неговата партија, поднесе оставка на премиерската позиција, но се откажа и од претседателската функција во СДСМ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој престојува во Глазгов на Самитот за климата, денеска се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама и со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

– Силна поддршка за „Отворен Балкан“. Дали да ја одржиме или одложиме средбата во Белград, имајќи ги предвид настаните во Скопје?“, напиша Вучиќ на официјалниот Инстаграм профил на „Будуќностсрбије“.