Задолжителен негативен тест за влез во САД и ако сте вакцинирани и Велика Британија со слично правило


СО цел сузбивање на ширењето на сојот омикрон, кој е детектиран во повеќе земји, американскиот претседател Џо Бајден воведува нови правила за меѓународните патници, кои досега важеа само за невакцинираните туристи.

Почувајќи од 6 декември, сите патници во авионот, а кои имаат најмалку 2 години и повеќе, мора да имаат негативен ПЦР тест за Ковид-19, кој не треба да биде постар од 24 часа пред патувањето, без одглед на вакциналниот статус. Досега ова правило важеше само за невакцинираните патници.

Оние пак кои во последните 90 дена прележале Ковид-19, треба да ја покажат таа потврда.

Ваква мерка најави и Франција минатата недела, но одлука за воведување уште нема официјално донесено.

И Велика Британија донесе слична мерка, која почнува да важи од утре, 7 декември.
Имено, сите патници кои влегуваат во земјата, а се постари од 12 години, без оглед на вакциналниот статус, мора да достават доказ за негативен ПЦР или брз тест пред заминување на пат, кој нема да биде постар од 48 часа.