Забрана за фрлање на непродадените непрехранбени производи во Франција
Во борбата против расфрлањето, Франција ќе го забрани уништувањето на непродадената облека, електричните апарати и хигиенските производи за две до четири години, рече премиерот Едуард Филип.
Како што пренесува дописникот на МИА, уништувањето на непродадените предмети (облека, апарати за домаќинство, хигиена или производи за убавина), симболи на расфрлање, ќе биде забрането во рок од две до четири години во Франција.
Оваа мерка, која ја претставува шефот на Владата, како „прва во светот“, има за цел да наметне овие непродадени производи или да се рециклираат или да им се подарат на хуманитарни организации или на оние кои имаат потреба, од крајот на 2021 или до крајот на 2023 година. Ова е донесено покрај мерките што веќе се усвоени во последниве години против расфрлањето со непродадената храна.
Според француската Влада, во Франција се фрлаат и уништуваат во отпад нови и непродадени производи во вредност од повеќе од 600 милиони евра.