За во недела е одложено лансирањето на ракетата на Безос „Њу Глен“


Неповолните временски услови ја натераа компанијата за истражување на вселената „Blue Origin“ да го одложи лансирањето на својата ракета „Њу Глен“.

Лансирањето на ракетата беше закажано за 1 часот по полноќ во петокот, по локално време, но поради немирните води во Атлантскиот Океан, презакажано е за недела во 1 часот по полноќ.

Во водите на Атланскиот океан требаше да слета засилувачот за гориво за повеќекратна употреба.

Лансирањето беше закажано во комплексот за лансирање 36 на вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида во петокот во 1 часот по полноќ, но официјалните лица го презакажаа во 1 часот по полноќ во недела „поради состојбата на отворено море во Атлантикот каде што се надеваме дека ќе го спуштиме нашиот засилувач“, се вели во објавата на „Блу ориџин“ на мрежата X.

Ракетата го доби името по Џон Глен, првиот американски астронаут кој орбитирал околу Земјата. Таа го носи Blue Ring Pathfinder, што е дизајниран да ги тестира комуникациските системи, напојувањето и системите за контрола на вселенската платформа за повеќекратна употреба на Blue Origin, позната како Blue Ring.

Тоа е важен чекор за Blue Origin, во сопственост на „Амазон“ на милијардерот Џеф Безос, а ќе биде прво лансирање ракета по 25 години од основањето на компанијата. Ова лансирање во време кога SpaceX, предводен од Илон Маск, веќе доминира во истражувањето на вселената.