За Стоилковски е срамна одлуката на ЈО да се прогласи ненадлежно за Дончев


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски ја оцени како срамна одлуката на  Обвинителството за организиран криминал и корупција споделена во медиумите, со која е прогласија за ненадлежни за постапување по видеото на кое што се гледа Ден Дончев, директорот на Фондот за здравство како , според него,  зема пари и ги става во чанта!

-Ова е одлука со која што Зоран Заев го амнестира Ден Дончев!Ова е доказ за обвинителството во пупка кое што работи исклучиво по политичка нарачка, пупка во која што ги штитат луѓето на Заев и неговите муртински врски! Тоа биле, внимавајте, нецелосни снимки и претпоставки! И толку од Обвинителството?- реагира Стоилковски.

-Се работи за човек, близок до Зоран Заев, за кој што во обвинителството има неколку пријави. Се работи за човек кој што веќе има процес за „Рекет 2“, човек за кој што има процес за вмешаност во меѓународен скандал за рекетирање! Човек што одеднаш има „семејни причини“ за повлекување од очи на јавноста. Ама за обвинителството нема причини да се отвора предмет, да постапува самостојно по ВИДЕО јавно објавено, во кое истиот човек зема снопче пари и ги става во чанта!?- вели Стоилковски.