За справување со последиците од пожарот во Кочани помагаат Доброволното противпожарно друштво и Амбасадата на Германија

Амбасадата на Сојузна Република Германија во соработка со Доброволното противпожарно друштво – Кочани во текот на оваа година ќе реализира заеднички проект за справување со последиците од катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Во рамки на иницијативата на потпишани се договори за донации како дел од Фондот за мали проекти на Амбасадата, а партнери во спроведување на проектот се македонската Комора на психолози, ДПД и ТППЕ – Кочани и македонскиот Црвен крст. На потпишувањето на договорите присуствуваше и претставник од македонското Биро за развој на образованието.
Проектот ќе се спроведе во две фази, односно до крајот на оваа учебна ќе се организираат психолошки обуки за наставниот и друг кадар во основните и средните училишта, како и за воспитувачите во градинките во Кочани. Во втората фаза, стручни лица заедно со пожарникарите од Доброволното противпожарно друштво и од Територијалната противпожарна единица – Кочани ќе спроведат практични обуки за укажување прва помош, превенција и заштита од пожари за учениците.
Како дел од проектот е предвидено Комората на психолози да обезбеди обука и психолошка помош за пожарникарите од Кочани.