За СДСМ изборите беа фер и демократски


Портпаролката на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и на СДСМ, Богданка Кузеска, по затворањето на гласачките места порача дека денес беше успешен изборен ден, дека изборите биле фер и демократски и дека имало само незначителни неправилности така што граѓаните можеле слободно да се изјаснуваат. Таа упати благодарност до сите ѓраѓани што излегле да гласаат порачувајќи дека граѓанската волја ќе одлучи по кој колосек ќе се движи Македонија натаму. 

На новинарската забелешка дека наводно имало скриен бојкот во општините со албанско население, Кузманоска рече дека секоја партија ќе одговара пред себе и пред граѓаните како настапила на овие избори. Таа нагласи дека од почетокот СДСМ повикуваше на масовност и ги повикуваше граѓаните да го искористат своето право на глас.

-СДСМ никогаш не била кочничар на демократските процеси, порача Кузеска оградувајќи ја партијата од било каков можен бојкот на изборот на претседател, кој е поврзан со законски цензус, т.е. со одреден број на гласачи.