За Орбан, Србија е жртва на либералната Европа


 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на прес-конференцијата со Христијан Мицкоски, зборувајќи за ситуацијата во Србија, рече дека е „шокиран од фактот дека откако патриотите победија во Соединетите Американски Држави, напорите за дестабилизација се интензивираат овде во Централна Европа“.

„Мислам дека и Србија е жртва на ова. На шалтерот се три земји: Србија, Словачка и Унгарија. Во светот постои финансиска и политичка машина. Таа претходно ја презеде владата на Соединетите Држави, Брисел и некои европски земји членки“.

Тој се наврати на својата омилена тема – Сорос.

„Ако сѐ уште се сеќавате на нашата борба со мрежата на Сорос, чии последни дејства и конечно затворање сега се планирани за Велигден. Така, овие глобални финансиски сили го изгубија Вашингтон, се повлекоа во Брисел и се борат за централноевропските позиции. Во овие три земји Србија, Словачка и Унгарија има патриоти во власта. Не сакам да коментирам ниту еден настан, туку процес на настани што може да се детектираат во Словачка, како и во Србија и, во помала мера, во Унгарија. Мрежите имаат клиенти, имаат мајстори кои им плаќаат, ги хранат, ги поддржуваат и им даваат инструкции“, нагласи Виктор Орбан.

Тој ѝ посака на Србија многу успех зачувувањето на стабилноста. Тој рече: „Национален интерес на Унгарија е да биде опкружена со стабилни земји“.

„Имаме одговорна политика кон соседство, а во тој круг е вклучена и Македонија. Ги поддржуваме оние земји од овој регион чија стабилност е важна за Унгарија. Значи, ние не даваме само помош за Северна Македонија или делуваме од хуманитарни мотиви, туку стабилноста на Северна Македонија е клучно прашање за безбедноста на Унгарија. Затоа Унгарија ѝ дава финансиска помош на Македонија, затоа ни нудат можности за економска соработка. Повторувам, зад ова не се кријат само симпатии и заедничка историја, туку и добро разбран унгарски национален интерес“, рече унгарскиот премиер.