За наградата „Милан Младеновиќ“ и Констракта го бара наследникот на Дина Јашари


Задужбина на Милан Младеновиќ објави дека на 1 мај е отворен конкурсот за најдобра песна на територијата на поранешна Југославија, за наградата која го носи името Милан Младеновиќ – легендарниот водач на белградската група „Екатарина Велика“. Конкурсот (по правилото: еден автор – една песна) е отворен до 31 мај 2023-та година. Задужбината им препорачува на кандидатите да обрнат посебно внимание и на текстот и на музиката.



„Лично, многу внимавам на текстот и на темата што е избрана и на начинот на кој тој текст е поткрепен со музика: што е аранжман, што е драматично, што е продукција, што е жанр“, вели Ана Ѓуриќ Констракта, една од членовите на стручното жири.



Секоја година жирито е регионално. Оваа петта година, освен Констракта, членуваат и авторката и уредничка на емисијата „Бунт“ Бранка Главоњиќ (Србија), музичарот Борис Лејнер (Хрватска), музичарот Зоран Предин (Словенија) и писателот и музичар Марко Шелиќ Марчело (Србија).



Сите тие се вклучени во потрага по наследникот на македонската пејачка Дина Јашари, која престижната награда ја доби лани, за песната „Дома“.