За масакрот во Германија обвинети уште тројца што славеле за убиствата
Трагедијата што се случи на божиќниот пазар во Магдебург го потресе целиот свете, но имало и такви што славеле, потврдија за „Билд“ германските власти, пренесе Куриср.рс.Овие лица биле забележани во близина на местото на трагедијата, каде гласно викале и изразиле радост поради нападот на божиќниот пазар, а првите извештаи за нив стигнале од „Магдебургер фолкстимер“.
Обвинетите трио биле видени на неколку стотини метри од божиќниот пазар, на улицата Голдшмидебурк, како го слават нападот, пишува списанието Феникс. Тие се обвинети за „поддршка на криминални дела кои го загрозуваат јавниот мир“.
Според член 140 од Кривичниот законик, за ова дело може да се изрече казна затвор до три години или парична казна. Според досегашните информации, во нападот загинале најмалку пет лица, а повеќе од 200 се повредени.
Осомничениот, идентификуван како Талеб А. според германските закони, се соочува со пет обвиненија за убиство, повеќекратни точки за обид за убиство и повеќе точки за тешки телесни повреди и останува во притвор, соопшти полицијата.