За изнајмување станови на туристи, во Хрватска ќе биде потребна согласност од 80 отсто од станарите
Предлогот на новиот Закон за управување и одржување згради во Хрватска може да го ограничи издавањето станови на туристи или странски работници, бидејќи се бара неопходна согласност од 80 отсто од станарите на зградата во случаи кога ги има повеќе од четири и кога тие не се поврзани, јавија хрватски медиуми.
Хрватската стопанска комора силно го поддржува предлогот на новиот закон, бидејќи тој ќе овозможи подобро управување со станбените единици во корист на станарите.
Од таа организација додаваат дека тоа би придонело за развој на одржлив туризам и подобра понуда на туристичко сместувачки капацитети.