За една година цените во угостителството се зголемиле за пет отсто


Цените на угостителските услуги во јули се зголемени за пет проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по групи, цените во угостителството во однос на јуни се зголемени за 0,4 проценти кај храната, 1,6 проценти кај алкохолните пијалоци, 0,9 проценти кај безалкохолните пијалоци и за 0,2 проценти кај ноќевањата. 

Во периодот јануари – јули во однос на истиот период лани се бележи зголемување за 5,3 проценти, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1,6 проценти.