За еден ден од Аеродром 213 барања за субвенции за велосипеди и тротинети
За само еден ден до Општина Аеродром пристигнаа 213 барања за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети, соопштија од Општината.
Потсетуваат за можноста секој граѓанин да поднесе барање за велосипед или електричен тротинет што бил купен во 2022 година, при што општината ќе надомести 3.000, односно 5.000 денари од цената.
Апелираат на што помасовно користење на алтернативните средства за превоз и давање сопствен придонес во зачувувањето на чистата животна средина.