За децата со попреченост нема да се плаќа градинка во Општина Бутел
Советот на Општина Бутел донесе одлука според која родителите на децата со попреченост се ослободуваат од плаќање партиципација за користење на услугите на градинките.
Одлуката е изгласана по предлог на градоначалникот Дарко Костовски, а со неа се опфатени децата кои имаат наод или мислење од стручна установа или специјалист.
Според него, општината со низа проекти се обидува да ги ублажи ефектите од огромната финансиска криза во која се наоѓаат граѓаните на Македонија.