За да немате дилема дали имате обичен грип или коронавирус: Редоследот по кој се појавуваат 4-те најважни симптоми е клучен!


Истражувањето спроведено на Универзитетот во Јужна Калифорнија покажа дека симптомите на коронавирус многу често се појавуваат во „јасно дефиниран“ редослед. Ова откритие може да им помогне на пациентите да разликуваат коронавирус и грип, да се изолираат на време и да започнат со третман.

„Важно е да се знае ова во време кога циклусите на болести како сезонски грип и пандемија на корона се преклопуваат“, рече професорот Питер Кун, еден од авторите на студијата. Анализирана е стапката на инциденца на симптомите собрани од СЗО од повеќе од 55 000 пациенти во Кина. Студијата исто така вклучува податоци собрани за 1.100 случаи, собрани во периодот од декември до јануари, а кои ги снимале лекарите во единиците на кинески Kовид “Редот е важен. Знаејќи дека секоја болест напредува поинаку значи дека лекарите можат да утврдат порано дали некој има коронавирус или некоја друга болест”, истакна Џозеф Ларсен, кој ја водеше студијата. Експертите велат дека симптомите на корона често се јавуваат по следниот редослед: температура кашлица и болки во мускулите гадење и повраќање и дијареа.

Значи, првиот симптом на корона е треска и грип – кашлица.

“Студијата откри дека пациентите со сезонски грип имаат поголема веројатност да развијат кашлица пред треска. Во реалноста, ова може да биде тешко да се препознае, бидејќи грипот често започнува нагло со тријада на симптоми, вклучувајќи болка во грбот, заедно со сува кашлица”, вели д-р Роберт Глејтер.

“Иако треската е најчесто опишаниот почетен симптом на коронавирусот, реалноста е поинаква. Некои пациенти пријавија губење на вкус или мирис, без други симптоми”, додаде тој, додавајќи дека остатокот од пациентите исто така доживеале малаксаност, главоболка или вртоглавица.

“Исто така, видов дека некои пациенти имаат само болка во градите, без никакви респираторни симптоми. Гадење, повраќање и дијареја по треска и кашлица, исто така, укажуваат на корона”, објасни Глејтер, а пренесува “Хелтлајн”.