Skip to content

25/03/2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Пребарај
Независен Весник
Пребарај
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

За Александар Николоски се што прави Владата е смешно и недоволно

19/03/2020 13:23

Има најави за отпуштања на огромен број  вработени -тврдеше денеска апокалиптички потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на прес-конференција. За него се што прави Владата околу епидемијата со корона вирусот е или смешно или презадоцнето, дека не учат (од советите на ВМРО-ДПМНЕ), дека се неспособни и дека се што прават сега требало да направат пред еден месец.
„Системот не функционира, а економијата пропаѓа. Но, она што функционира за жал се добрите пи-ар алатки. Една недела гледаме пи-ар алатки и по три пати појавување на ден со разни информации, но никаква активност“, поентираше Николоски. Па, распали уште повеќе.

„Претседателот на државата самиот призна дека системот не може да издржи и дека  ќе колабира. Па, јавно прашувам, затоа што не е негова работа да констатира состојби туку да решава – што направил од моментот кога сфатил или добил информација дека системот на може да издржи до овој момент? Тој од минатиот мај е претседател на државата, а не аналитичар и е избран н највисоката позиција во државата за да решава проблеми“, го искара Николоски шефот на државата, пред да се фокусира на Владата.

Кај Владата му сметаше што во време на криза лови политички поени со прес-конференцијата за ратиофикацијата на Протоколот за прием во НАТО од страна Шпанија, иако шпанскиот парламент направи исклучителен напор во време на тешка криза да излезе во пресрет на Македонија.

Според Николоски, мерките не се доволно рестриктивни, и тоа го кажале Обединетите нации, кои ја карактеризирале Македонија како земја која нема јасни ограничувања во однос на приемот на лица од други држави, како на пример, германската одлука да не прима Италијанци, заборавајќи дека така ќе се затвори вратата за нашите државјани во таа земја. Испаѓа дека да беше ВМРО-ДПМНЕ на власт би ја затворило границата за нашите граѓани во Италија, но тоа не му пречеше на Николоски да жали над судбината на, според него, илјадници граѓани кои се заглавени по аеродроми и граници.

На крајот тој побара итни мерки да се спречи економската катастрофа, набројувајќи повеќе такви.

„Имаме веќе најави за огромни отпуштања на огромен број на работници, насекаде низ Македонија, за тоа Владата не презема ништо. Затоа предлагаме замрзнување на обврските на компаниите кон државата чија што работа е поврзана или е погодена со ситуацијата. Второ, замрзнување на обврските за компаниите кон банките и заемодавателите, најмалку за месецот март, а доколку е потребно и кризата продолжи, и за април. Трето, владата да ги преземе обврските да ги сторнира и да ги плати каматите по однос на кредитите на компаниите за март, а доколку продолжи кризата и за април. Четврто, државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите кои што се погодени во висина од 50 отсто од вкупниот трошок за вработените, односно 50 отсто од бруто плата. И конечно, потребно е веднаш да се направи анализа на сето она што се случува во моментот, кои сектори и компании се погодени и ним да им се исплатат субвенции од страна на државата за да го преживеат овој период“, наброја Николоски.

Со смешни, како што рече, пет милиони евра не ја решаваат состојбата, бидејќи државите околу одат со помош која што се брои во стотици милиони евра, дури и во милијарди евра.

„Потребни се субвенции за најпогодените сектори. Исто така, еден сектор кој што досега не беше споменуван, а е многу значаен е транспортниот сектор. Предлагаме да не се плаќа патарина за сите оние кои што вршат транспорт на патници и на стока. Државата да ја преземе обврската за трошоците за регистрација на возилата, камионите и автобусите при следната регистрација. Поедноставено, транспортните компании да не ја платат следната регистрација кога ќе ги носат возилата за регистрирање. Трето да се поделат субвенции за овие компании“, рече Николоски, пред да констатира дека ова не е прес-конференција за добивање поени и додворување на бизнисот, туку битка за опстанок на државата што ја загрозува „аматеризмот и неспособноста на Владата на СДСМ“.

 


Поврзани содржини

Корисници од Центар и Шуто Оризари без струја
25/03/2026 08:03
Пристапно предавање на новоизбраниот дописен член на МАНУ Драган Даутовски
25/03/2026 07:03
Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ
25/03/2026 07:03
Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
25/03/2026 07:03

Променливо облачно со сончеви периоди
25/03/2026 07:03
„Меѓаши“ ќе го промовира документарниот филм „Гласна тишина“
25/03/2026 07:03
Германските амбасадори од регионот на средба со Мицкоски
24/03/2026 22:03
Една од омилените фирми на власта го добила тендерот за забавниот парк
24/03/2026 18:03

Најчитани


  • „Пепко“ влегува на македонскиот пазар – од јуни ги отвора своите продавници во Скопје
    19/03/2026 10:33
  • Од 13.000 до 25.000 евра месечно: Толку добиваат експерти од Македонија и Србија за изградбата на автопатиштата
    19/03/2026 15:17
  • Од Кисела Вода, Ѓорѓиевски почна генералка на Скопје
    18/03/2026 13:34
  • Мартовските пензии ќе се зголемат линеарно за 1.000 денари, усвоени законските измени
    19/03/2026 15:32
  • Зимата сè уште не е завршена! Доаѓа обилен снег, еве кога може да го очекувате
    24/03/2026 15:25
  • Стефковски ги урна импровизираните куќички крај Вардар – четири години не ги гледаше!
    18/03/2026 09:51

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење