За 4о дена почнува изградбата на последниот дел од булеварот ,,Борис Трајковски” – готов до крајот на годината
Јавната набавка за изградба на булеварот „Борис Трајковски“ е објавена а градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека е рокот за изведба е до крајот на оваа календарска година.
„Предолго, овој булевар беше симбол на застојот. 850 метри, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, беа 850 метри нервоза, прашина, оштетени возила, изгубени часови и скршени надежи. Повеќе од 100.000 граѓани секојдневно поминуваа низ таа голгота“, порача градоначалникот.
Ќе се изгради современ булевар со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека.

Замоли за уште малку трпение додека заврши законската постапка и траат градежните активности. „Привремената непријатност ќе донесе трајно решение за сите нас. Ќе работиме темелно, одговорно и во даден рок“, ветува градоначалникот.