За 40 отсто порасна бројот на заболени во Белгија


 

Белгија минатата недела бележеше просечно 680 нови случаи на инфекција со корона вирус, што е пораст од повеќе од 40 отсто во однос на првата недела од септември.

Како што е соопштено од државниот Институт за јавно здравје, најголем број новозаразени забележан е минатиот четврток кога позитивно беа тестирани 940 луѓе, со што Белгија рапидно се приближува на бројот од 100.000 потврдени случаи од почетокот на пандемијата со Ковид-19.

Со просечно 2,4 смртни случаи дневно, вкупниот број смртни случаи во Белгија од почетокот на пандемијата изнесува 9.925.