Вучиќ вели дека студентите се „глупирале“ за Нова година

Вучиќ вели дека во Србија има максимална слобода на медиумите, секој може да објавува што сака за претседателот


 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека не го разбира значењето на студентскиот протест што се одржа на новогодишната ноќ. „Кој беше смисолот за ова глупирање за Нова година? Тие луѓе кои настрадаа во Нови Сад, настрадаа напладне, не на полноќ“, изјави Вучиќ за телевизијата Пинк.

Тој праша дали со протестите на полноќ „сакаат да им ја расипат радоста на луѓето кои имаат право на тоа“.

„Поминаа 40 дена и семејствата имаат право на нормален живот, а вие не дозволувате други луѓе да живеат“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател вели дека нема за што да им забележува на студентите во блокадата кои имале само десет години кога беше „злото“ на власт, кое според него ја уништувало Србија.

„По стоти пат велам дека нема да има преодна влада, на власт се доаѓа со избори, со поддршка од народот. Тука нема филозофија“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк и додаде дека е бескрајно благодарен на студентите кои сакаат да студираат, на „трпеливоста“.

Спомнувајќи го пред се Прогласот, тој го повтори тврдењето дека тие се финансираат од странство. Вучиќ рече дека „организаторите на протестите веруваат дека е невозможно да се издржи ваков притисок“.

„Но, издржавме уште потешко за да ја сочуваме Србија“, истакна тој.

Вучиќ особено го критикуваше судијата Миодраг Маиќ, како и некои други јавни личности кои ги поддржаа студентите, спомнувајќи некои од попознатите студенти, наведувајќи дека „антисрпските сили“ сакаат промена на власта.

Вучиќ рече дека во Србија има максимална слобода на медиумите бидејќи, како што наведе, секој може да објавува што сака за претседателот.

„Ние сме единствената земја во Европа каде што можете да следите руски, украински, американски, француски… Таква слобода никаде ја немате“, рече Вучиќ. (Бета)