Вучиќ: Сите барања на студентите се исполнети, ги повикувам на разговор


 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека луѓето кои протестираат „креираат хаос за да бидат забележани“, бидејќи, како што оцени, сметаат дека секоја негативна кампања носи поенти.

Тој за ТВ Информер изјави дека сите четири барања на студентите се целосно исполнети и додаде дека обвинителството „обезбедило гонење на некого кај Факултетот за драмски уметности (ФДУ)“ за нападот.

„Некои луѓе живеат во балон од невистини и лаги, кои Шолак ги шири преку своите медиуми. Сега кога ја објавивме целата документација – ништо. Објавени се сите 195 документи, тоа го имаше обвинителството“, изјави Вучиќ, зборувајќи за трагедијата во Нови Сад и за телевизијата Н1.

Тој рече дека е исполнето барањето за ФДУ, барањето за документација и сите да бидат ослободени од притвор, но и дека е исполнето зголемувањето на материјалните трошоци за факултетите за 20 проценти.

„Ние ја завршивме нашата работа на фер начин. Никого не излажавме“, изјави Вучиќ.

„Подготвен сум да примам студенти на разговор, ги поканувам“

Тој за ТВ Информер оцени и дека возачот на автомобилот „порше“ кој налета на граѓаните кои блокираа улица во Нови Сад бил соработник на советник од опозицијата во собранието на тој град.

„Тие рекоа дека е соработник на Српската напредна странка. Имаме докази дека е соработник на Бачулов (советникот) и нарко бандата од Нови Сад“, изјави Вучиќ.

Тој оцени дека сите „тие големи политичари се курири, дилери на дрога или директни дилери на дрога“.

Во Нови Сад претходно вчера 15 минути беа блокирани неколку раскрсници во знак на сеќавање на 15-те жртви од трагедијата во тој град, а на една од раскрсниците неколку демонстранти беа повредени кога возачот на автомобил „порше“ удри во нив додека го блокираа патот.

После тоа дошло до тепачка меѓу демонстрантите и четворицата помлади од тоа возило. Демонстрантите од тој автомобил извлекле четворица млади момчиња и физички се пресметале со нив.

Вучиќ, вечерва изјави дека „никогаш не му паѓа на памет“ полицијата да упадне во факултети и универзитети. Тој рече дека блокирањето на факултетот е направено во договор со деканите.