Вучиќ откри за што разговарале со шефот на ЦИА, станало збор за иднината на државата
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград изјави дека имал многу корисни и добри разговори со шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Брнс и дека им се смее на оние кои коментираат дека посетата на Србија била тајна, а транспарентна во БиХ.
„Знаете, разговарате со гостите и гледате дали тоа и се допаѓа на јавноста или не… Ние како сериозна земја мислевме дека тоа е најдобриот можен начин, а Американците како најсериозна земја во светот заедно со Кина, сметаше дека тоа е најдобриот можен начин за следење на посетата“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека темите се важни за иднината на регионот и Србија, како и дека имале пристојна и важна средба, пренесе Бета.