Вучиќ откри дека во партијата има преторијанско јадро и ги нарече „лојалисти“
Тие се состанувале во црква, се колнеле во крв, а член на таа најверна група бил и братот на Вучиќ
Александар Вучиќ, претседателот на Србија, ја информираше српската јавност дека во неговата Српска народна партија (СНС) постои група своевидни преторијанци која тој ја нарече „лојалисти“.
Веста за постоењето на таа група прв ја објави еден од провладините таблоиди чиј уредник бил поканет на нивната средба, пренесува „Данас“.
Самиот Вучиќ даде детали за ова тврдокорно јадро во неговата партија. Гостувајќи на телевизија Прва во неговото последно интервју во 2024 година, Вучиќ објасни дека тоа било крило на СНС што се состанувало во мала црква во вторник. За српскиот претседател тоа се само позитивни работи, иако тие биле малку екстремни за неговиот вкус.
Тој споменуваше и бизарни детали: така, на основачката конференција, кога имало 1.019 лица, тие се заколнале со крв дека никогаш нема да влезат во коалиција со „жолтиот олош“. Сега ги имало 17.000, меѓу кои и неговиот брат и уште еден член од семејството на Вучиќ.
Според него, уште пред пет години тие го предупредиле дека не може да прави коалиција со демократите.
Станува збор за чесни луѓе, кои не се богати, тие се ништо. Тие се таму како чувари на огнот, не бараат ниту министерски места, ниту што било, рече Вучиќ.
Според него, овие луѓе ги предупредиле сите оние кои мислат на различни начини дека треба да се оди против него, дека нема да имаат никаква поддршка во партијата.
Тој изјави дека секогаш кога се појавувала кризна ситуација, никој од овие луѓе не ги напуштал, за разлика од многу други кои го направиле тоа.
„Никој од овие луѓе никогаш не замина и тие секогаш жестоко се бореа против струите кои доаѓаа од западниот разузнавачки сектор. Тие се главно проруски ориентирани. Кога велам проруски за слободна, независна Србија, но ако треба да изберат, секогаш ќе бидат проруски. И тие се целосно против оние кои денес би правеле обоена револуција, тие подготвени да се борат. Видовте некои од тие млади луѓе како се соочуваат со Ѓилас и неговите насилници и на крајот им покажаа дека ни најмалку не се плашат“, рече Вучиќ.
Како што изјави, станува збор за луѓе кои имаат свои завети.
Тој ги почитува и сака и затоа било важно да се формира широко движење од 15 март.
„Без разлика дали сакаат да бидат дел од тоа или не, морам да разговарам со нив за тоа, но мораме да бидеме поотворени, да бидеме некој што е прифатлив за сите луѓе во Србија, некој што ќе одговори во најдобар начин за потребите на Србија во наредниот период“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека овие луѓе некогаш тоа го засновале на различни постулати, а сега се повикуваат на 6 јануари на Трамп.