Вучиќ објави: Данка е убиена – уапсени две лица кои признале

Осомничените, двајца вработени во ЈП „Водовод“ Бор, со автомобил ја удриле Данка Илиќ, а потоа нејзиното тело го фрлиле во дива депонија покрај


 

Полицијата уапсила две лица кои го извршиле убиството на малата Данка Илиќ, кои го признала делото, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Имаме лоши вести за Данка… Полицијата уапси две лица кои ако добро разбирам ја убиле малата Данка. Како што разбрав, тие го признаа делото“, рече Вучиќ и додаде дека ја водат полицијата до местото каде што го фрлиле телото.

„Со какви чудовишта си имаме работа. Сега одат до местото каде што го фрлиле телото на детето“, рече Вучиќ. „Имаме ли повеќе детали? Ако немаме, останатото ќе го заврши полицијата. Благодарам на полицијата за сѐ“, рече Вучиќ на вонредната седница на владата.

Овој случај го крена на нозе целиот регион, поради тоа што во многу нешто ги потсети неговите жители на судбината на Вања Ѓорческа од Скопје. Имаше разни приказни – дека Данка била видена во Виена со непознати лица, посредно се фрлаше вината врз мајката, па дека е жртва на некои романски трговци со луѓе, за сега да се испостави дека Данка загинала во несреќен случај само седум минути откако мајката забележала дека ја нема.

Како што беше соопштено, претходно денеска со судска истрага биле пронајдени траги од крв на автомобил и врз основа на тоа две лица се приведени.

„Во Србија сите беа страшно загрижени, тоа покажува дека не сме ја изгубиле душата, дека луѓето имаат и срце и сила. За жал, според она што го добив од полицијата, работите завршија со најлош исход. Се надевам дека сѐ е сработено со семејството“, додаде Вучиќ во изјавата.

Според некои српски медиуми, утрово се уапсени две лица осомничени дека со автомобил ја убиле Данка Илиќ, а потоа нејзиното тело го фрлиле во дивата депонија покрај Старобањски пат кај Бор.

Како што потврдија за АТВ, криминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј. (50) од село Лука и Д.Д. (50) од село Злот.

Данка, која има само две години, ја снема во Бањско Поле, пред повеќе од една седмица, додека мајката одела да му даде вода на постарото братче.

Потрагата се одвиваше на неколку километри околу местото каде Данка исчезна. Подоцна, една дојава водеше кон пронаоѓање на девојчето се појави од Виена, Австрија, каде наводно беше видена со две жени. Тоа се покажа дека не е точно.

 

Австриска полиција: Знаеме кој е на видеото од Виена, не е Данка