Вучиќ најавува избори до крајот на годината или до Видовден
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синоќа изјави дека изборите во Србија, без да прецизира дали тоа се однесува и на парламентарни и на претседателски избори, ќе се одржат до крајот на годината, а можеби и до Видовден, 28 јуни.
– Ги бараа, ќе видиме кога ќе бидат изборите – изјави Вучиќ за телевизијата Информер.
Тој додаде дека владата ќе ја почитува одлуката на народот на тие избори, како и да одлучи.
Вучиќ по повод синоќешниот протест во Белград рече дека сите можат да бидат мирни, бидејќи државата си ја врши работата на одговорен начин, тврдејќи дека на собирот пред Ректоратот на Универзитетот во Белград имало помалку од 4.000 луѓе.
Вучиќ во телефонски разговор за медиумот изјави дека „протестите се насилни“ и „постизборна траума“ и според него, не се постигнати очекуваните резултати.
Ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ, синоќа по повод влегувањето на полицијата во зградата на Ректоратот изјави дека полицијата дошла е да им каже на секој студент, професор и граѓанин: „Видете што се случува со оние што не молчат“ и оцени дека владата се плаши од образованието.
„Оваа влада не се плаши од криминал, таа се плаши од образованието“, рече синоќа Ѓокиќ од терасата на Ректоратот и додаде дека нападот врз Универзитетот во Белград не е напад врз него, туку напад врз се што владата не може да контролира. Тој рече дека трагедијата во која загина студентката заслужува „достоинствена, независна и темелна истрага“.
Ѓокиќ рече дека тие и понудиле на полицијата целосна соработка и дека само добиле полициска рација пред ТВ-камери.