Вучиќ лут на Турција за продажбата на дронови на Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ ја обвини Турција дека не сака стабилност на Западен Балкан и дека сонува да го обнови Отоманското Царство откако Косово ги доби првите борбени дронови од турско производство.

 

Вучиќ, кој пред една година се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој тогаш збореше за златна доба во односите помеѓу двете земји, сега изјави дека е згрозен од однесувањето на Турција.

 

„Турција брутално ги крши Повелбата на Обединетите нации и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност така што ги вооружува косовските власти. Сега е потполно јасно дека Турција не сака стабилност на Западен Балкан и повторно сонува за обнова на Отоманското Царство. Србија е мала земја, но добро ја разбравме пораката“, кажа Вучиќ.

Косовскиот премиер Албин Курти вчера се пофали на Фејсбук дека во Приштина пристигнале првите дронови „скајдагер“ и дека десетици припадници на безбедносните сили се обучени за нивно управување.

 

„Овие самоубиствени дронови се борбени дронови опремени со експлозивни уреди со кои можат да се напаѓаат и подвижни и статични непријателски мети. Договорот со турската компанија ‘Бајкар‘ беше потпишан во декември минатата година и беше планирано дроновите да стигнат во јануари 2026, но ги добивме три месеци порано“, изјави Курти.