Вучиќ ја прими третата доза вакцина
Србија- Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ја прими третата доза од вакцината Синофарм. Вучиќ третата доза од вакцината ја примил на пунктот за вакцинација во хала 7 на Белградскиот саем.
Вучиќ побара уште еднаш од граѓаните, и на тој начин да се заштитат, и уште еднаш им се заблагодари на сите медицински работници кои цела година учествуваат во вакцинирањето на населението.