Втора инвестиција на „Авеста Холдинг“ во ТИРЗ Штип вредна 26 милиони евра, нови 150 работни места

На средбата, како што информира Дирекцијата за ТИРЗ, се разгледаа досегашните резултати на компанијата, тековните активности, како и понатамошните чекори за успешна реализација на инвестицискиот проект, а беше направена и обиколка на производствениот погон.
Димовски посочил дека ова е реален пример, доказ за активната работа и унапредениот пристап на новата влада кога станува збор за создавање висока додадена вредност. Тој истакнал дека овој проект е од стратешко значење за целата национална економија, а особено за регионот на Штип.
Сопственикот и претседателот на „Авеста Холдинг“ Ношин Омар изразил особена благодарност за поддршката на целата влада, нагласувајќи дека токму транспарентноста, отвореноста и професионалноста на ТИРЗ биле клучни фактори за одлуката да се реализира втора инвестиција токму во Македонија. Од негова страна, како што се наведува, беше појаснето дека во новата фабрика во ТИРЗ Штип ќе се произведуваат напредни батериски системи од најнова генерација за електрична мобилност и стационарни апликации.
Изградбата на новиот производствен капацитет според деловниот се планира да започне крајот на 2025 година, а со неговата реализација ќе се отворат до 150 нови, високоплатени работни места во ТИРЗ Штип.
-Ова претставува втора по ред инвестиција на белгиската компанија во земјава, што е директен резултат на стабилната бизнис клима, проактивниот пристап на институциите и новите владини политики насочени кон поддршка на инвеститорите. Со ова, Македонија дополнително ја зацврстува својата позиција како атрактивна и предвидлива дестинација на мапата за странски директни инвестиции, се вели во соопштението.