Вратени уште 42 македонски граѓани од странство

Министерството за надворешни работи на Македонија во соработка со МНР на Словенија, словенечкиот Кризен штаб и словенечката полиција, утрово организираше враќање на 42 македонски граѓани во својата земја.
Тие се донесени со 16 автомобили, а ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.
Истовремено, во текот на денешниот ден е организиран и автобуски превоз за враќање на 27 македонски граѓани од Истанбул.