Врачување на државната награда „11 Октомври“
Државната награда „11 Октомври“ за 2024 година денеска во Собранието во 12 часот ќе му биде доделена на истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски. Наградата, како што соопшти Министерството за култура и туризам, му се доделува за животно дело во областа на науката.
Мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски се добитници на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста.
Оваа одлука ја донел Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на седница одржана на 11 септември 2024 година.
Претседателка на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е проф. д-р Елена Јованова – Грујовска.