Воз удри во автомобил во Србија, три лица загинаа, меѓу нив и две деца
Во Србија се случи тешка железничка несреќа кога воз удри во автомобил при што смртно настрадаа три лица. Како што јави „Блиц“ меѓу загинатите се и две деца, момче на 12 годишна возраст и девојче (14).
Сообраќајната несреќа се случила на премин во Лазаревац кога во автомобил ауди“ удрил воз кој сообраќал на линијата Пријепоље – Белград.
Железничкиот сообраќај беше во прекин.
Како што пишуваат медиумите во Србија, во несреќата загинал и возачот, додека со тешки телесни повреди се здобил таткото на децата.
Јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Лазаревац дежурен е на местото на настанот и ја води истрагата.
Се огласија и од Железницата:
„На делот од пругата Бар меѓу Лазаревац и Лајковац, денеска во 12 часот и 40 минути на патниот премин обезбеден со семафори и сообраќајни знаци на патот, патнички воз налетал на автомобил, кој минувал на пругата, соопшти Железничката инфраструктура на Србија.
Во таа прилика, како што се наведува понатаму, загинале три лица од автомобилот, додека четвртото лице се здобило со тешки телесни повреди.