Вооружена пресметка во Ист Гејт, се пукало по лице барано со потерница


Две маскирани лица со фантомки на главите, вооружени со пиштоли со пригушувачи и автоматски пушки пукале кон Раде Трајковски – Штекли во подземните гаражи во трговскиот центар „Ист Гејт“ во центарот на Скопје, неофицијално дознава „Фокус“.

Според  информациите пукањето се случило пет минути пред 18 часот кај „Карбокс“, а напаѓачите излегле од автомобил „Ауди А4′ караван со странски регистерски ознаки

Според МВР, пријавено било дека има пукање, а според нивните информации нема повредени лица. Медиумите очекуваат повеќе официјални информации за случајот, а неофицијално се говори дека лицето кон кое било пукано се бара со потерница, а  се наоѓало во луксузен автомобил.

Вознемирените посетители бегале надвор од шопинг центарот.