Вооружен маж влегол во болницата „Ребро“ во Загреб, уапсен е


Загрепската полиција приведе маж кој утрово со оружје влегол во болничкиот центар Ребро, јавува 24сата.

Како што пишува овој хрватски медиум, засега неименуваниот маж ја напуштил болницата во придружба на полицијата.

Според досегашните информации нема повредени лица. Персоналот и пациентите се криеле во ординациите за време на драмата која траела околу два часа.

Информациите за идентитетот и мотивот на овој човек не се објавени, а полицијата се уште е во реонот на КБЦ Ребро.