Волстрит: Дау Џонс со најдолга позитивна серија од 2017 година


NEW YORK, NY - JUNE 21: Traders and financial professionals work on the floor of the New York Stock Exchange (NYSE) ahead of the closing bell, June 21, 2019 in New York City. U.S. stocks finished down slightly at the close on Friday but are still on pace for a strong month. (Photo by Drew Angerer/Getty Images)

Главните индекси на Волстрит пораснаа во понеделникот, при што Дау Џонс ја објави својата најдолга непрекината позитивна серија во последните шест години, бидејќи инвеститорите се обложуваат на берзански сектори, освен технолошките, за да остварат профит.

Индустрискиот индексДау Џонс во Њујорк порасна за 183,55 поени, или 0,52 отсто, на 35.411, одбележувајќи 11-ти ден по ред на добивка, најдолга непрекината низа од 2017 година. Во исто време, рекордно од април минатата година.

Истовремено, индексот СиП (S&P 500) зајакна за 0,4 отсто, на 4.554 поени, а Насдак оствари скромен раст, за 0,19 отсто, на 24.058 поени.

Дау порасна вчера главно благодарение на речиси два отсто скок на цената на акциите на нафтената компанија „Шеврон“, бидејќи објави силна заработка во вториот квартал.

Технолошкиот Насдак, пак, вчера имаше малку послаби перформанси бидејќи инвеститорите бараат можности да инвестираат во акции надвор од технолошкиот сектор, со што ги зголемија цените на акциите во секторите како енергетиката и банкарството.