Володимир Зеленски втурнат во небрано


Претседателот на Украина би сакал да биде исклучен од овој наратив.

Володимир Зеленски во средата рече дека тој би сакал да биде изоставен од политичката бура заканувајќи му се на претседателството на Доналд Трамп и премолчувајќи ги прашањата од новинарите за тоа дали се чувствувал под притисок на Трамп во телефонски повик меѓу двајцата лидери во Јули

да го истражи поранешниот потпретседател Џо Бајден. „Мислам дека прочитавте сè“, им рече на Зеленски на новинарите по објавувањето на транскриптот на Белата куќа.

„Имавме, мислам, добар телефонски разговор“, продолжи тој. „Беше нормално. Зборувавме за многу работи. Затоа, мислам дека прочитавте оти никој не ме притисна“.

Тогаш Трамп порача: „Со други зборови, нема притисок“.

Трамп и Зеленски понудија напнати шеги за време на телевизискиот состанок во Обединетите нации, што дојде само неколку часа откако Белата куќа објави детали од јулскиот разговор што покажа дека Трамп го повикува Зеленски да ги испита „Бајденови“.

Претседателот и неговите приврзаници тврдат дека Бајден е корумпиран во вршењето притисок за соборување на украинскиот обвинител, кој беше критикуван од меѓународната заедница. Се вели дека тој обвинител ја истражувал енергетска компанија каде Хантер Бајден бил во бордот, но нема докази дека самиот Бајден бил под истрага.

Зеленски истакна дека Украина е независна земја објаснувајќи во средата дека „не може да притиснам никого“.

„Сепак“, рече тој преку преведувач, „имаме нов генерален обвинител во Украина, високопрофесионален човек со западно образование. Тој е слободен да истражи она што смета да го направи“, додавајќи и „имаме уште многу прашања за да се грижиме и да решаваме“, вклучувајќи корупција.