Кибер напад ја принуди големата мрежа на болници во Ново Мексико да ги пренасочи пациентите и да ги затвори клиниките
Голем болнички систем во Ново Мексико се обидува денеска да реши проблем со кибер безбедноста, па поради тоа пренасочени се амбулантните возила кон други болници. Поради кибер напад во моментот американската држава е без оддел соодветен да ги лекува најсериозните случаи. Универзитетскиот здравствен систем во Ново Мексико (UNM Health System) ги повика луѓето да не доаѓаат во главната болница во Албакрки и ги откажа закажаните прегледи во повеќе од 30 од клиники.
Нападот се случува во услови на растечка загриженост за безбедноста на дигиталните системи што ги поткрепуваат виталните услуги од банкарството до здравствената заштита.
Универзитетскиот центар за здравствени науки, најголемиот академски медицински центар во државата, ги откажува часовите и ќе биде затворен денеска, соопшти универзитетот.
Во болничката мрежа се вршат околу 900.000 амбулантски прегледи и прима 100.000 во ургентниот центар годишно, се наведува на нејзината веб-страница.