Војвотка на стилот: Меган Маркл е највлијателна модна личност во 2019
САД- Војвотката од Сасекс Меган Маркл (38) е прогласена за највлијателна модна личност за 2019 година, според онлајн пребарувањето за мода.
Базирано на онлајн резултатите за пребарување, поранешната актерка, а сега сопруга на принцот Хари е најпребарувана на платформата како влијателна модна икона.
Страницата на онлајн купување Lyst, ги колектирала пребарувањата на 104 милиони купувачи, базирани на тоа „чиј професионален стил бил најпребаруван при продажба, вести и спомнување на социјалните мрежи во последите 12 месеци“.
Lyst открил дека, во просек, изборот на Меган донел до зголемување од 216 проценти во пребарувањето на фустани и слично.
Втор на листата е младиот актер Тимоти Шаламе. Меѓу првите 10 се и Зендаја, Били Елиш, Карди Б, Лиза Блекпинк, Кајли Џенер, Лизо, Хари Стајлс и Били Портер.
Лани, Маркл имаше најбаран стил на Гугл. Ја фалат, ја кудат, го почитува или го крши кралскиот протокол, дома, во странство, на гала настани, на патувања, и ги наоѓаат модните фалинки, членовите на нејзиниот кабинет даваат масовни оставки, а таа, самоуверена, под рака го држи принцот Хари, најблиска е на кралицата Елизабета Втора, и стана мајка.
Ангел и ѓавол, модна икона или успешен плагијатор на стиловите на Кејт Мидлтон и принцезата Дајана, јавноста е во дилема. 2020 ќе покаже.