„Вог“ и Мет Гала 2023 во чест на Карл Лагерфелд: Легендарни дизајни, легендарни манекенки и една мачка


Њујорк- Насловната на американскиот „Вог“ за месец мај е посветен на легендарниот германски дизајнер Карл Лагерфелд, кој со децении работеше истовремено како креативен директор на многу модни куќи, вклучувајќи ги Шанел, Фенди и Клое, покрај тоа што ја водеше неговата истоимена меѓународна модна етикета. Тој почина во 2019 година на 85 години.

Насловницата можеби е една од најдобрите досега – 10 модели, 10 креации и една позната мачка. Ана Винтур, главен уредник на американскиот „Вог“ и како глобален директор во „Конде Наст“ ќе му изрази почит на Легарфелд и на Мет-гала, гламурозен и добротворен настан, како ко-домаќинка.

Вкупно 10 дизајнери и модни куќи за „Вог“ ја редефинираа работата на покојниот дизајнер: Пјерпаоло Пичоли (Valentino), Том Браун, Донатела Версаче, Џун Такахаши (Undercover), Кристофер Џон Роџерс, Џон Галијано (Maison Margiela), Оливие Рустенг (Balmain), Читосе Абе (Sacai), Гучи и Симон Роша.

Џиџи Хадид

Пред објективот на познатата фотографка Ени Лебовиц ги гледаме Наоми Кембел, Наталија Водијанова, Шалом Харлоу, Лиу Вен, Амбер Валета, Адут Акеч, Анок Јаи, Девон Аоки, Џиџи Хадид и Кендал Џенер.

Амбер Валета

Една од ѕвездите е и омилената мачка на Лагерфелд, Шупет.

Шалом Харлоу

Оваа година Мет Гала планирано е да биде на први мај во Музејот на уметноста Метрополитен во Њујорк, кога ќе биде преставена и изложбата Karl Lagerfeld: A Line of Beauty.

Кендал Џенер

Присутните ќе имаат можност да погледнат 150 предмети од шесте декади модно творештво на дизајнерот, неговата работа за Шанел, Фенди, како и дел од неговиот сопствен бренд.

Адут Акеч

Изложбата во чест на Лагерфелд ќе биде отворена за јавноста од 5 мај до 16 јули.

Девон Аоки
Наталија Водијанова