(Во живо) Прво полуфинале на Евросонг во Ливерпул


Вечерва, од 21 часот, е првото полуфинале на 67. Евросонг во Ливерпул, организиран од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и британскиот сервис Би-би-си.

Годинава на Евровизија ќе учествуваат 37 земји, под слоганот„Обединети од музиката“ (United By Music) , односно три помалку од минатата година, откако покрај Македонија, учеството го повлекоа и Бугарија и Црна Гора. Првите петнаесет ќе се натпреваруваат вечерва, од 21 часот на грандиозната сцена на Ливерпул Арената, а како и воообичаено, десетте најдобро пласирани земји на крајот на вечерта ќе се пласираат во финалето в сабота на 13 мај. Вечерва домаќини се Џулија Санина, Хана Вадингам и Алиша Диксон.